Усогласувањето помеѓу деловните цели и барањата за информатичка  технологија (ИТ) на една организација е неопходно. Овие два фактори се чини дека се контрадикторни, но усогласувањето меѓу нив е од суштинско значење за успехот на една организација. Слабите технолошки способности на организацијата го попречуваат нејзиниот раст, од една страна, а, од друга страна, организациите може да очекуваат брз поврат на технолошките инвестиции. Изборот на правилната технолошка стратегија е клучен.

Курсот Деловни Информациски Системи (ДИС) е наменета за студентите на Факултетот за информатички и комуникациски технологии – Битола и има за цел да придонесе во намалувањето на овој јаз. Стекнувањето со неопходното познавање за деловните процеси, потребите и предизвиците на деловните организации ќе придонесат во оспособувањето на идните ИТ-инженери по информатички науки и комуникациско инженерство да испорачаат производ кој ќе ги пресретне потребите на деловните организации. 


colours: No
teacher:
university: UKLO
prerequisites:
admission:
badges: