Цел на предметот: Теоретско и практично запознавање со компјутерската симулација, креирањето на математички модели и нивното решавање.
НАСТАВНИ СОДРЖИНИВовед во компјутерското моделирање и симулации. Општи информации за предметот.
Што е тоа математички модел. Историски развој Примери за примена на математичкото моделирање и компјутерски симулации во компјутерските науки.
Модели на движење, сили и гравитација. Моделирање на судири.
Компјутерски симулации базирани на алгебарски и трансцедентни равенки.
Компјутерски симулации базирани на оптимизација.
Колоквиум
Идентификација на динамички системи: методи за моделирање на податоци од експериментални мерења. Интерполација и екстраполација.
Компјутерски симулации на модели базирани на обични и парцијални диференцијални равенки. Симулации на динамика на флуиди.
Компјутерски симулации на динамички системи и хаотични феномени.
Оцена на параметрите во математички модел. Грешки и стабилност на математичките модели и компјутерските симулации
Колоквиум
- Teacher: Igor Nedelkovski