МЕТАМОРФОЗА
Topic outline
-
-
Се покануваат:
1. Сите декани/директори да го разгледаат Тактичкиот семафор со потенцијални проекти, да си одлучат што би сакале да направат како единици од поголемите буџетирани активности (настаните од 1-12 и од 17-24 како и од 25-39), и од останатите активности кои немаат директен буџет на person months, но може да имаат student hours и друг вид на поддршка, а влегуваат во унапредување на редовното работење на единиците во поглед на настава и истражувања и да известат кои ги преземаат и кога. Известувањето би било добро да содржи број на активноста, датум и локација на одржување, партнерство со која друга единица, како и потенцијални соработници од КОЛОРС, по мејл до 02.03.2026, до академската раководителка. Потоа, сите други детали ќе се организираат во тек.
2. Сите декани/директори, во соработка со ФСС/УСС се покануваат да размислат дали има можност во нивната единица да се издвои простор за колоритно студентско катче (Faculty CoSpace), кадешто сите студенти од единицата би имале можност да пристапат, да се информираат, вмрежат, дејствуваат, се чувствуваат како креатори на својот пат, во својот факултет, на својот универзитет, во својата алијанса. Доколку има таква можност, КОЛОРС заедно со ФСС/УСС ќе го координира нивното оформување. Информација за ова да се прати од деканите до академската раководителка по мејл до 03.02.2026 год. со напомена дали ќе има таков простор на вашата единица и ориентационо каде, за да се прават следните чекори со брендирање и сл.
Благодариме и нека заедно ја трасираме системската трансформација на УКЛО како Европски универзитет на иднината, во КОЛОРС.
Ваши
УКЛО КОЛОРС
-