Покана нова активност УКЛО КОЛОРС Битола, Прилеп, Вентспилс Латвија



Пропратно писмо

Одговори од општините



Благодарност за вашата соработка и прашања од тимовите студенти на УКЛО Македонија и ВУАС Латвија


Поаѓајќи од нивната понуда за странски туристи на англиски јазик, и истражувајќи ги на интернет информациите за Битола и Прилеп како странец, засега ги имаме следниве прашања:  

1.     Веб страниците на нашите општини се со квалитетни содржини но само на македонски. Дали постои опција за пристапност на англиски јазик и кои се Вашите планови?

- Нашата страница на Општина Битола содржи Bitola Tourist Info на англиски јазик (иконче поставено на првата страница на општината долу https://bitola.info/ ). Овој информатор содржи информации кои се потребни за туристите како: како да се стигне до Битола-мапа со знаменитости и најпосетувани места кои вклучуваат културно наследство, природа, цркви и џамии, музеи и спомен места.

Понатаму, нешта кои можат да ги направат туристите за време на нивниот престој тука како велосипедизам, скијање, џип сафари, планинарење итн. Исто така, општината ги има преведено на англиски јазик програмите на најзначајните настани кои се случуваат во градот.

a.     Ова е важно бидејќи размислуваме за вклучување на студенти во портал со информации. Како примерот на www.visitventspils.com

2.     Присуството на профили корисни за туристи на англиски јазик на социјалните мрежи (Инстаграм и Фејсбук) е особено важно. Студентите од Вентспилс засега не успеаја да најдат доволно конкретни информации по социјалните мрежи. Што би можеле да им посочиме или одговориме?

- Некои од профилите корисни за туристите на англиски јазик кои може да се посочат се: https://bitolacityguide.com/; https://bitola.info/; https://www.discoveringmacedonia.com/destinations/bitola/; https://www.tripadvisor.com/Attractions-g303862-Activities-Bitola_Pelagonia_Region.html; https://tourismmacedonia.gov.mk/wp-content/uploads/2018/09/4.-Bitola-A-WALK-THROUGH-THE-CITY-OF-CONSULS.pdf;

3.     Општините често имаат инфо центри, кои се физички објекти но и интернет портали.

a.     За да профункционираат размислуваме во правец на термини кои би ги држеле студенти, можеби во рамки на платена пракса и сл. Какво мислење би имале Вие на ова прашање?

4.     Како може странски турист или група да најде водич низ нашите градови онлајн, а и во живо?

- Културен и информативен центар Битола , скратено КИЦ Битола е јавна општинска установа од областа на културата и уметноста. Установата се основа за остварување на локалниот интерес во културата од локално значење за граѓаните на Општина Битола како единица на локална самоуправа, од областа на издавачката дејност, музичката дејност, сценско-уметничката дејност, филмската дејност, галериската дејност, дејноста на домовите на културата и дејноста за посредување во културата.

Во рамките на КИЦ постои инфо центар кој може да се посети во живо или онлајн:

https://kicbitola.mk/services/

 

5.     Ја пронајдовме следнава апликација ‘’Bitola City Guide” со корисни информации за туристи. Дали општина Битола има поврзаност со оваа апликација и дали да ја користиме како препорака за нашите колеги од Латвија?

- Да

6.     Дали имате презентација или видео со објаснение за туристи, кои би можеле да ги споделиме со колегите од Латвија, како помош при истражувањето, или како примерот што ни го дадоа тие?

- Битола во срцето (pdf презентација) BITOLA-VO-SRCETO_TuristickiVodic_opt-1_compressed.pdf

Во нашиот проект размислуваме да креираме интересна онлајн и хартиена мапа со места за посета во двата градови за туристи и посетители, со објасненија. Дали според Вас ова има смисла?

- Креирањето на онлајн и хартиена мапа со места за посета во градовите кои ќе ја користат туристите и посетителите е од големо значење за развој на туризмот на нашите општини. Во овој аспект може да ги искористите информациите од линковите погоре.