Enrolment options

Едно од најголемите ограничувања на традиционалните системи за обработка на податоци е тоа што нивниот опсег е ограничен на брза и прецизна обработка на нумерички и текстуални податоци. Општо земено, оваа обработка вклучува нумерички и алгебарски функции врз броеви, или различни форми на вметнување, бришење и пребарување на текст. Обработката е контролирана од програми кои оперираат со нумерички и текстуални податоци.

Меѓутоа, има бројни задачи кои не можат да се сместат во овие категории на задачи. Така на пример, поставувањето на дијагноза кај пациент се темели на резонирањето на докторот кој има познавање за симптомите на болестите и симптомите кои се дадени (кажани) од страна на пациентот. Адвокатот го советува клиентот за можниот исход на судски постапки врз основа на конкретниот случај, стручно разбирање на законот и познавање на судовите.

colours: No
teacher:
university: UKLO
prerequisites:
admission:
badges:
Guests cannot access this course. Please log in.